Македонија
29. August 2018 - 15:19

Тепачка во скопското село Марино - едно лице тешко повредено

Четири непознати лица вчера околу 22:20 часот физички го нападнале А.Т.(33) од село Марино, пред угостителскиот објект на улица „500“ во скопското село Марино, по што со возило го напуштиле местото на настанот. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.