Македонија
29. January 2018 - 11:25

Тепачка во скопски Аеродром - двајца мажи се испотепаа за куче

Вчера во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од страна на С.М.(59), кој удрил куче пред влез на зграда на бул. „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М.
 
Имено, С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал.
 
Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот. Полициски службеници излегле на лице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.