Македонија
10. July 2018 - 15:12

Тепачка во Скопје

Поради нерасчистени имотни правни односи го истепал среде улица. Како што информираат од МВР, вчера во 23,00 часот било пријавено дека на улицата "Црногорска" Т.М.(37) од Скопје бил физички нападнат од А.Љ.Ф.(19)., поради нерасчистените имотно правни односи помеѓу нив двајца. За настанот бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Истиот ден на истата улица околу 23,30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата А.Љ.Ф.(19) и С.А.(60). До тепачката дошло бидејќи А.Љ.Ф. претходно го нападнал синот на С.А. По преземени мерки поднесени се два записника за констатиран прекршок по член 11 и 6 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.