Тепачка во штипскиот затвор
Во КПУ Затвор - Штип вчера, по претходна расправија, неколку осуденици се степале при што еден завршил во Клиничката болница со скрешница на носот.
Како што соопшти полицијата, случајот го пријавил командир на смена, според кој физички бил нападнат затвореникот С.М. од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија меѓу С.М. и Б.И. од Кочани, С.М. физички го нападнал Б.И. Тој им се пожалил на Т.П. од Свети Николе и на С.Г. од Скопје, двајцата исто така затвореници во штипскиот затвор, по што тие го нападнале С.М., удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Му нанеле видливи повреди, контузија на нос и носна коска. С.М. бил пренесен во Клиничка болница - Штип заради санирање на повредите.
Извршен бил увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност