Македонија
29. October 2016 - 14:22

Тепачка во ноќен клуб

На 28.10.2016 година околу 16,00 часот во ПС-Прилеп, Д.С. (31) од Прилеп,  пријавил дека истиот ден околу 03,20 часот отишол во ноќен клуб и откако влегол внатре во објектот без повод и причина В.С. го нападнал со неколку  тупаници во пределот на главата и го изнел надвор од објектот, а потоа во физичкиот напад се приклучиле уште четири лица по што истите го удриле и со празни шишиња во пределот на главата. На Д.С укажана му била лекарска помош во ОБ-Прилеп, по што консатирани му биле тешки телесни повреди (фрактура на носка коска). Се работи на целосно расчистување на случајот.