Кошарка
18. February 2018 - 20:21

Тепачка во Кавадарци во финалето од Купот

Работнички и МЗТ Скопје се сигурно двете најголеми екипи во македонската кошарка, а во вечерашното финале од Купот на Македонија во салата „Јасмин“ во Кавадарци, на почетокот од мечот, се појавија првите искри на трибините.

Натпреварот мораше да биде запрен, за да се смират навивачите кои дивееја на трибини и кои буквално корнеа столчиња, па полицијата за некоја минута стапи на сцена и ја смири тензијата.

Но дали се потребни вакви сцени од нешто што треба да биде празник на кошарката во Македонија..

За среќа нервите брзо се смирија и немаше посериозен инцидент, а по неколку минути пауза, продолжи финалето од Купот на Македонија.