Македонија
15. October 2017 - 12:13

Тепачка во Идризово - затвореник заврши на Ургентно

Вчера во 15.30 часот во кругот на Казнено поправната установа -Идризово, поточно во затворската амбуланта, дошло до расправија помеѓу осудениците М.Д. и С.М., при што М.Д. го удрил со тупаница во пределот на лицето С.М. кој со амбулантно возило бил пренесен во Ургентен Центар, каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е вратен назад во Казнено поправната установа.

Се преземаат мерки  за расчистување на случајот.