Македонија
22. October 2018 - 14:47

Тепачка во дискотека во Штип – летале шишиња

Во штипската дискотека Клик во саботата нешто по 2 часот и 30 минути по полноќ било пријавено дека 45-годишен штипјанец држејќи стаклено шише во рацете се доближил до маса на која бил А.П кој бил на возраст од 34 години заедно со 26-годишниот М.К, 22-годишниот С.С и 35-годишниот Ѓ.Ш сите од Штип, при што пријавениот со шишето го удрил А.П. неколку пати во пределот на главата, по што му се придружиле и уште три други лица кои исто така продолжиле со чаши и шишиња да го удираат А.П. по главата и телото, соопштија од полицијата.

По нападот, напаѓачите ја напуштиле дискотеката, а А.П. бидејќи се здобил со повреди веднаш бил пренесен во Клиничката болница Штип каде е и задржан на лекување.

За случајот е известен Основен јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување, велат од МВР.