Македонија
10. January 2017 - 13:16

Тепачка во Боговиње: Се скарале па со метална шипка удрил по соседот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(63) од село Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
 
На ден 17.12.2016 година околу 09,30 часот пред куќата на пријавениот С.С. во село Боговиње откако оштетениот О.М.(51) дошол пред куќата на истиот без повод и причина му упатил навредливи зборови, по кои пријавениот со употреба на метална шипка му задал три удари од кои два удари во пределот на грбот и ден удар во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда и од задобиените повреди О.М. паднал на земја по што истите биле раздвоени од соселани-очевидци на настанот, а потоа се упатил во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.