Македонија
9. February 2018 - 13:40

Тепачка во Батинци - повредено едно момче

Вчера  околу 12,00 часот било пријавено дека во село Батинци, скопско  на  улица “1“  во плац од фирма каде што орагнизирано се вршел ископ и чистење на реката со преставник од Општината, од страна на 17 годишно лице бил физички нападнат 28- годишниот Ј.Б.

Имено лицето го  бутнало оштетениот, а откако Ј.Б. станал, малолетникот извадил нож и замавнал кон пријавителот и му ја скинал јакната, а потоа го удрил еднаш во пределот на носот и го напуштил местото на настанот.

Од физичкиот напад Ј.Б. се здобил со видлива повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.