Македонија
15. April 2021 - 16:27

Тепачка помеѓу две групи мигранти во кумановско, две лица од Пакистан пренесени на клиника

Вчера во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет, соопштуваат од МВР.

М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.