Македонија
23. November 2015 - 14:09

Тепачка на Плетвар: Со дрвени палки и шише нападнати татко и син

Дваесет годишно лице од Прилеп и уште еден малолетник физички нападнале цело семејство на Плетвар, информира МВР.

„Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против А.Т.(20) и против едно лице на возраст од 17 години, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“. На 19.09.2015 година, С.М. управувајќи патничко возило „Даеву Ланос“ во кое биле неговите сопруга, ќерка и татко додека се движел од Плетвар кон Прилеп, бил престигнат од патничко возило „БМВ“ управувано од првопријавениот, а поради неотстапување на предност на минување му го попречило патот на С.М. По ова, од возилото „БМВ“ излегол А.Т. и со дрвена палка почнал да удира по возилото на оштетениот по што излегле С.М. и неговиот татко, кои со дрвен предмет и стаклено шише биле нападнати од страна на пријавените, при што им нанеле телесни повреди.“ - стои во билтенот на МВР.