Македонија
25. May 2016 - 12:46

Тепачка на мигранти во Ваксинце, Пакистанец тешко повреден

Вчера во 22.35 часот во ПО-Матејче,  Х.А. од с.Ваксице пријавил дека  во с.Ваксинце,  10 до 15 непознати лица,  најверојатно мигранти, меѓусебно се тепат.

Во истиот период од ОБ-Куманово во ПС од ОН  Куманово било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан. 

Истиот бил донесен со повреди во пределот на десната страна  од градниот кош  нанесени од остар предмет, по што како итен случај веднаш бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.