Македонија
16. August 2019 - 17:02

Тепачка на Бит Пазар - инцидентот пријавен во полиција

Тепачка меѓу четири лица настанала вчера во Скопје. Точно напаладне во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Битпазарска“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка меѓу Ј.Х.(60) и М.Х.(30) од едната и од другата страна Х.С.(44) од Скопје и Б.Х.(44) од Р.Турција.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.