Македонија
23. December 2017 - 11:56

Тепачка меѓу ученици од средното медицинско училиште

Вчера околу 10,00 часот вработен во средното училиште „Панче Караѓозов“, пријавил дека двајца ученици биле нападнати од нивни соученици.
 
Од страна на полициски службеници од Полициската станица Центар излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за четири ученици од трета година, кои физички нападнале двајца свои врсници исто така ученици во училиштето.
 
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.