Тепачка меѓу економските мигранти во Атина, полицијата приведе над 100 лица
Во прифатниот центар на стадионот „Палео Фалиро“ кај Атина вчера избила тепачка меѓу бегалци, а полицијата потоа привела повеќе од 100 лица, пренесоа денеска грчките медиуми.
Судирот избил вчера откако една група Мароканци уценувала други бегалци, нудејќи им заштита за пари. Исто така, тие им се заканувале дека доколку ја одбијат заштитата ќе се „соочат со физичка казна“, пренесе „Раша тудеј“.
Грчкиот министер за прашањата на миграцијата, Јанис Музалас, за ТВ станицата „МЕГА“ изјави дека група Мароканци „ги уценувала луѓето да им дадат пари или дека во спротивно ќе бидат избркани од центарот“.
Откако повеќето од бегалците ја одбиле оваа „понуда“, уценувачите ги нападнале.
Како што наведуваат грчките медиуми, во тепачката биле искрешни прозорци, како и мебел од центарот.
Музалас наведе дека во овој центар се сместени економски мигранти и дека е познато дека некои од нив „сториле кривична дела“. Меѓу нив има државјани на Мароко, Алжир, Јемен, Еритреја.
Полицијата привела над 100 лица, на кои сега им се заканува депортација од Грција.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост