Македонија
1. January 2018 - 16:16

Теодора е првото бебе родено една минута по полноќ на ГАК

Прво па женско, што значи дека 2018 ќе биде плодна година. Теодора е првото бебе родено годинава на Клиниката за гинекологија, која дојде на свет една минута по полноќ. Таа е втора рожба во семејството Радевски и дома ја чека постарото братче.

-Се помина во најдобар ред, бебето е породено по природен пат и ова ќе биде бериќетна година, изјави др. Адела Стефанија од Клиника за Гинекологија.

Мајката Билјана и бебето ги поестија министрите за здравство и труд и социјална политика, кои најавија дека ќе бидат и на првиот роденден на Теодора.

-На среќните родители им го честитавме второто дете во семејството и порачавме да не повикаат на првиот роденден, изјави Венко Филипче, министер за здравство

-Како Влада се грижиме за секое дете во државата и во иднина ќе работиме на подобрување на предучилишното образование, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјала

Традиционално, најмладата скопјанка доби од градоначалникот Петре Шилегов штедна книшка.

-Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, изјави Петре  Шилегов, градоначалник на Скопје

Од синоќа до сега на Клиниката за Гинекологија се родиле 10 бебиња.