Loading Video...
Свет
4. August 2022 - 16:32

Тензиите околу Тајван продолжуваат

Со 11  балистички ракети Донфенг  лансирани во водите во близина на северниот, јужниот и источниот  брег на Тајван,  кинеската војска ги почна  своите најголеми воени вежби досега околу островската земја..  Киенската држвана телевизија  прикажа  снимки од воени бродови и борбени авиони во шесте области  избрани за вежбите, кои ке траат до сабота. Дел од нив зафаќааат некои од најпрометните бродски рути во светот  и навлегуваат   во тајвандските територијални води, што не беше случај на претходните вежби.

Вооружените сили на Тајван се ставени во состојба на борбена готовност и ги следат областите во кои се изведуваат вежбите.. За властите во Тајпеј  Кина ја имитирра Северна кореја со ислеувањето ракети,  ги прекршува  правилата на Обединетите нации, го напаѓаат територијалниот простор на Тајван и се директен предизвик за слободната воздушна и поморска пловидба.

Тајван е подготвен за војна, но не ја бара, меѓутоа ќе го брани националниот и територијалниот интегритет . Кинеската армија намерно ги одбрала маневарските области во поглед на локациите и размерите за да го наруши „статус-квото“ на Тајван и да го „поткопа регионалниот мир“ соопшти владата во Тајпеј.

Маневрите откажаа најмалку 50 летови до и од Тајван се откажани,додека бродовите беа прунудени да ја променат маршутата.

Кина ги  организираше воени вежби со употреба на боева муниција  околу Тајван како одговор на посетата на виеокиот американскиот функционер , Ненси Пелоси. Кина го смета Тајван за дел од нејзината територија, а посетите на странски претставници ги гледа како признавање на суверенитетот на островот.

- Кина  ги вложи најголеми дипломатски напори да ја спречи кризата, но ,  нема да дозволи нејзините  темелни интереси да бидат повредени. Тајван некогаш ќе се врати во прегратките на својата татковина  САД станаа „најголемиот уништувач“ на мирот во Тајванскиот Теснец и за регионалната стабилност, порача шефот на киенската дипломатија.

Шефот на американските дипломатија   и денеска повтори  дека посетата на Пелоси не ја променила  политиката на САД кон Кина и Тајван.

Во меѓувреме,  Јапонија соопшти  дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море, по што Токио упатил  протестна нота до Пекинг поради инцидентот.