Македонија
7. October 2022 - 19:58

Тензично во Oхрид - Провокации кон демонстрантите и силно полициско обезбедување за отворањето на клубот „Цар Борис III “

Во напната атмосфера со свирежи и транспаренти со натписи „Со фашисти не сме исти, ние сме Македонисти“, „Стоп за холокаустотот против Македонците“, „Европо, практикувај го она што го проповедаш, без дополнителни услови за Македонците, стоп за дискриминацијата“охриѓани го изразија својот револт заради отворањето на бугарскит клуб Цар Борис Трети.

Пред трговскиот центар Амам граѓаните се дофрлуваа со македонските Бугари кои ги гледаа од терасата.Откако пред клубот се развиори знамето со ликот на цар Борис ескалираше состојбата  во еден момент протестантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон,фрлајќи со јајца но безуспешно.

Охриѓани велат дека не им пречи отварањето на бугарски клуб, туку неговото име бидејќи на овој начин се разгорува националната омраза и се потикнува фашизмот.

Томе Блажевски претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, смета дека нема ништо спорно во името и дека немаат  никакво фашистичко движење или неонацистичко додавајќи дека во клубот ќе се промовира културата на бугарскиот народ и Бугарите во Македонија.

Од Левица од каде го потикнаа протестот посочуваат дека скандалозно е ова што е случува од една земја членка на ЕУ осудувајќи го отворањето на овој клуб и премолчувањето од страна на владата.

На отврањето на бугарскиот клуб во Охрид присуствуваа претставници од амбасадата на Бугарија,политичари од различни парти и бизнисмени од Бугарија но немаше ниту еден претставник од владата на Македонија .

Инаку формирањето на ова здружение предизвика бура негативни коментари во јавноста, а остро реагираа и Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија со порака дека се згрозени и навредени од регистрацијата на здружението „Цар Борис Трети“ бидејќи како што истакнуваат станува збор за директна провокација.