Македонија
16. May 2019 - 16:18

Тензично судење за Диво Насеље - „Ова е Албанија - Нема да ни судите Вие“

Пцости и навреди ги дочекаа петтемина апелациони судии на јавната седница за случајот Диво Насеље. Наместо разгледување на жалбите, за денешната расправа, обвинетите имаа барање напишано на три страници но тоа не го слушнаа судиите. Не дозволија Генц Сефај да го прочита, па атмосферата во судницата стана тензична. Извикувајќи „Ова е Албанија“, обвинетите станаа и побараа да ја напуштат седницата.

Со барањето, обвинетите за Диво Насеље сакаат меѓународна истрага за случајот.

Премиерот Зоран Заев да ги изнесе доказите дека овој случај е политички монтиран, дека бил замка подготвена од власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во телефонски разговор Артан Груби и Али Ахмети не прелажаа дека можеме да се предадеме со посредство на ОБСЕ, пишува во барањето на 35-мина обвинети.

Откако судот не дозволи ова да се презентира, во салата останаа тројца обвинети. Останатите ја напуштија седницата. Судијката Периќ појасни дека за разгледување на жалбите не е задолжително присуство на обвинетите а со напуштање на седницата тие повеќе нема да го следат судењето.

За случајот Диво Насеље, на доживотен затвор се осудени седуммина, останатите заработија казни од 12 до 40 години.

Јавната седница за разгледување на жалбите, продолжува утре.