-->
Тенисер „местач“ ќе паузира 7 години
Австралискиот тенисер Ник Линдал поради местење на мечеви доби седумгодишна суспензија и парична казна од 35.000 долари.
Единицата за интегритет во тенисот (TIU), соопшти дека Линдал планирал да намести меч на турнирот во Тувумба, Австралија.
Линдал (28), планирал да ја оживее кариерата која ја заврши во 2013 година. Со суспензијата тој нема да може да посетува било какви настани поврзани со тенисот во наредните седум години. Најдобар пласман во кариерата на АТП листата на овој Австралиец му било 187-то место.
Во споменатиот инцидент учествувале уште двајца тенисери од Австралија Брендон Валкин и Исак Фрост. Првиот е суспендиран на шест, а вториот на 13 месеци.
Последните случувања доаѓаа по големиот скандал во Австралија и обвинувањата дека 18-годишниот јуниорски шампион на грен слемот во Мелбурн, Оливер Андерсон, бил вмешен во местење на мечеви.
Австралиските власти водат опсежна истрага поради сомнежите за нечесните работи во тенисот, а досега биле испитани 350 тенисери.
-->
-->
Ново на Сител
-
Aца Лукас осомничен за убиството на Лука Радуловиќ?!
-
Ова е дечкото на Лејла од „Карасевда“
-
Баба почна да се соблекува на сцена и сите превртуваа очи: Кога запеа следуваше шок
-
Невиден карамбол во Загреб: Масовно се тепале и жени и деца и трудници, а еден влетал во нив со автомобил
-
Срцепарателно: Коњ отиде на погребот на својот газда, неговата реакција ќе ви ги насолзи очите
-
Автомобил излета од пат кај патарината Градско
-
Пановски донесе радост во Кратово
-
Работнички го совлада Пелистер