Македонија
13. October 2016 - 8:36

Температури под нулата: Следи многу дожд

Сончево со мала до умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура од -1 до 8, а дневната од 16 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура до три, а дневната ќе достигне до 18.

В петок облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност.  Во  утринските часови температурата на воздухот на некои места особено во Малешевскиот реѓион и во западните делови  на земјава има услови да се спушти под нулата.

Нови врнежи од дожд се очекуваат  кон крајот на неделава и почетокот на наредната недела.