Температури под нулата и снег во Македонија
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови облачно со повремени локални врнежи од снег кои ќе бидат со умерен, а во останатите делови со послаб интензитет. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 18 до минус шест, а дневната од минус 10 до минус три степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со врнежи од снег со послаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до минус девет степени.
До четврток ќе се задржи многу студено време со благ порaст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари