Македонија
7. April 2016 - 15:36

Температурен шок - Во следните денови не очекува нестабилно време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а ваквото време ќе се дестабилизира од утре кога не очекуваат врнежи. Од денеска попладне ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара на подрачјето на нашата земја.
 
Од утре следува дожд и дестабилизација на времето. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер. 
 
Во сабота попладне наместа ќе има пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер.
 
Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните. 
 
Од понеделник ќе има стабилизирање на времето и раст на температурите.