Температурата во среда ќе падне на 2 степени, во четврток снег на планините
Денес и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа). Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.
Прогноза за 13.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачно, во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 14.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација