-->
-->
Темелковски: Одбраната треба да биде клуч за победа над Полска
-->
Младинската репрезентација на Македонија настапот во квалификациската група за СП 2017 во Алжир го почнува со натпреварот против Полска (почеток 17:45 часот).
Ова воедно е најсилниот ривал во групата, а селекторот на младинците Илија Темелковски истакна:
- Знаеме дека Полска е најсилниот од ривалите, не дека ги потценуваме Португалија и Турција, но најдобро е да се почне со победа. Ние треба да мислиме на нашата игра, пред се на одбраната дека така се добива натпреварот. Со добра одбрана имаме контри и полуконтри, а тогаш е полесно да се постигнуваат голови. Најпрвин да одиграме против Полска, а потоа ќе мислиме на другите ривали.
Македонија на овие квалификации ќе настапи во следниот состав: Лазаревски (број 4), Димитриоски (6), Јагуриоски (7), Нелоски (8), Танкоски (11), Томовски (12), Велковски (13), Шилегов (15), Петровски (16), Талески (17), Даниловски (20), Кукуловски (24), Крстевски (29), Џонов (34), Палевски (71), Арсеновски (99).
Во составот на оваа репрезентација се и тројца играчи на кои селекторот на А репрезентацијата Лино Червар смета за настап на СП во Франција: Талески, Нелоски и Велковски.
Покрај денешниоот дуел со Полска, Македонија утре во истиот термин (17:45 часот) игра против Португалија, а на 6.јануари од 14:30 часот Македонија за ривал ја има Турција.
Сите натпревари се играат во СРЦ Кале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација