Ракомет
4. January 2017 - 20:10

Темелковски: Клуч за победата беше одбраната „5-1“

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија Илија Темелковски беше задовлен од победата над Полска (30:22), а по дуелот изјави:

- Договорот беше добро да „отвориме“. Тоа и се случи, а клуч за победата беше одбраната „5-1“. Знаевме дека Полска тешко игра на таа зона, која даде резултат. Доволно сме сериозни и искусни дуелот со Полска веднаш ќе го заборавиме. Натпреварот Португалија - Турција не го гледавме, но има време за анализа. Нема да одиме со еуфорија утре, а со паметна игра може да се избориме до пласман на СП.