Македонија
15. May 2018 - 8:21

Тематска седница „Француска перспектива врз иднината на ЕУ" на Комисијата за европски прашања

Тематска седница насловена „Француска перспектива врз иднината на ЕУ" ќе одржи денеска собраниската Комисија за европски прашања.

Според најавите на седницата ќе се обратат амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние и експертот за европски прашања кој воедно е претседател и на Европското движење на Франција и потпретседател на меѓународното Европско движење, Ив Бертончини.