Македонија
3. December 2018 - 16:12

Телото за помирување побара јавни дебати низ целата држава

Поширока јавна расправа за уставните измени е предлогот кој произлезе од првиот состанок на подгрупата за интеграција.

По усвојување на нацрт-амандамните, пратениците сметаат дека во дебатата треба да бидат вклучени професори по уставно право од цела Македонија. Според собраниските рокови јавната расправа ќе трае најмногу 5 дена. 

 Се договоривме, покрај во Скопје, МАНУ и другите институции кои што се наоѓаат во главниот град, јавни расправи за нацрт-амандманите да се одржат и во други градови, онаму каде што има универзитетски центри, како Битола, Штип, Тетово, но, можеби и во други градови. Нам пратениците ни е битна јавната расправа за да се види како ќе се одвиваат натамошните активности, изјави пратеникот Јован Митрески од СДСМ, кој раководи со подгрупата за интеграции.

Прв состанок денеска одржа и подгрупата за реформи на собраниското тело за помирување. За почетокот пратениците утвдиле измени на 20-тина закони од правосудството, изборниот законик и работата на Собранието.

Измените на Уставот ќе влезат во последната трета фаза, откако усвоените нацрт-амандамни Владата ќе ги преточи во конкретни предлози. 

Во оваа фаза пратеницте во рамки на дебатата во собраниските комисии за уставни прашања и законодавно-правната, ќе имаат можност да поднесуваат амандамни на веќе предложените. Целиот овој процес се очекува да заврши до крајот на јануари.