Македонија
25. August 2016 - 11:46

Телеграма со сочувство од Заев за жртвите од земјотресот во Италија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес, соопшти денеска СДСМ.

- Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани, тешко повредените и потресите што не престануваат. Ја споделуваме болката со семејствата кои загубија свои најблиски и нашите мисли и надежи се со граѓаните кои се борат за живот под урнатините и во болниците. Со оглед дека во овие моменти приоритет е спасувањето на преживеаните, очекувам солидарност од широки размери сега, како и во надминувањето на разорните последици со огромни материјални штети, наведува Заев во телеграмата. 

СДСМ, додава Заев, е подготвена да помогне на Италија во рамки на своите можности. Посакуваме брзо опоравување на повредените и стабилизација на природната непогода.