Македонија
12. јуни 2018 - 17:57

Телефонскиот разговор завршен, Ципрас во 18 часот ќе го информира Павлопулос

Во 18 часот по локално време грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас во претседателската палата ќе го информира Прокопис Павлопулос за телефонскиот разговор со Зоран Заев.

Според информациите од Атина, македонскиот и грчкиот премиер веќе го оствариле телефонскиот разговор закажан за попладнево.