Балкан
5. April 2016 - 8:29

Телефонски разговори на Ципрас со Оланд и Бајден

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имал одделни телефонски разговори со францускиот претседател Франсоа Оланд и со потпретседателот на САД, Џо Бајден, соопшти неговиот Кабинет.

Во разговорот со Оланд, како што јави дописникот на МИА од Атина, била истакната потребата за брзо завршување на ревизијата на програма за спас на земјата, како и за целосно спроведување на договорот од јули минатата година.

За време на разговорот со Бајден, двете страни се фокусирале на процесот на преговори за економската програма на Грција, бегалската криза и енергетската соработка во регионот.

Двете страни се согласиле за потребата ревизијата на програмата за сапс да заврши што побрзо за да можат во април да почнат преговорите за отпишување на долгот.

Во врска со бегалската криза, Ципрас и Бајден ги истакнале напорите на Грција на хуман и ефикасен начин да се справи со проблемот, додека за енергијата, двајцата функционери разговарале за работата на нафтоводите ТАП и ИГБ.