Македонија
25. October 2018 - 16:56

Телефонски разговор Заев-Столтенберг: Честитки за историската одлука на парламентот

Комплименти, поддршка и честитки за успехот во имплементацијата на договорот од Преспа му пренел генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на премиерот Заев во телефонскиот разговор којс е случил денеска.

Генералниот секретар на НАТО ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на премиерот Заев дека во нато се среќни што Република Македонија продолжува напред, и уште додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот., стои во владинотро соопштение за разговорот.

Заев на Столтенберг му порачал дека пратениците успеале да ги надминат партиските разлики и дека очекува зголемување на мнозинството кое го поддржува спроведувањето на договорот од Преспа. Изразил очекување целиот процес да заврши во јануари.