Телефонски разговор Заев – Левен: Шведска поддршка за евроинтеграцијата на Македонија
Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација, беа меѓу темите на денешниот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со неговиот шведски коелга Стефан Левен.
Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев му се заблагодари на Левен за поддршката на Шведска за земјава на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.
– Во однос на блокадата од страна на Бугарија, премиерот Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји, се наведува во соопштението.
Премиерот Заев го поканил својот шведски колега да ја посети земјава во првата можна прилика, со цел понатамошно продлабочување на соработката, пред сѐ во економијата, инвестициите, животната средина и здравството.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање