Македонија
20. February 2019 - 9:28

Телефонски разговор Саливен – Катругалос: Поддршка од САД за Преспанскиот договор

Задоволството на САД за финализирањето на Договорот од Преспа му го изразил заменик државен секретар н САД Џон Саливен на шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос за време на нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

-Саливен му честиташе на Катругалос за преземањето на новата должност и го изрази задоволството на САД за финализирањето на Договорот од Преспа и ратификацијата на Протоколот за приме на Република Северна Македонија во НАТО. Катругалос ја истакна улогата на Грција, во соработка со Кипар, како столб на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Југоисточниот Медитеран, соопштуваат од грчкото МНР.

Министерот за надворешни работи на Грција, го информирал Саливен за претстојниот трилатерален Самит Грција – Кипар – Израел, но и за неговото учествот на следниот НАТО Самит на 3 и 4 април во Вашингтон. И двајцата, според Министерството за надворешни работи на Грција, се согласиле за важноста на стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД.

Заменикот државен секретар на САД Џон Саливан, вчера телефонски разговараше и со премиерот Зоран Заев. Заеднички е оценето дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за Скопје и за Атина, но и за целиот регион.