Свет
18. October 2017 - 18:09

Телефонски разговор Путин - Нетанјаху

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телфонски разговараше со израелскиот премир Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Сирија, за иранската нуклеарна програма и за резултатите од референдумот во Ирачки Курдистан, соопшти Кремљ.

- Детално беа разгледани прашањата за изнаоѓање на решение за Сирија, за ситуацијата со иранската нуклеарна програма и за резултатот од референдумот во курдскиот автономен регион  во Ирак, се посочува во соопштението од Кремљ.

Разговорот бил остварен на иницијатива на Израел.

Путин и Нетанјаху разговарале и за актуелните прашања на руско-изралската соработка.