Свет
12. February 2018 - 22:59

Телефонски разговор помеѓу Путин и Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговараа за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестинците.

- Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на  судирот помеѓу Израел и Палестина, изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва.

Путин потенцира дека односите помеѓу Израел и Палестинците се далеку од тоа што посакува Русија.

- Трамп му изјави и сочувство на Путин поради падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 71 човек, соопшти Кремљ.