Балкан
29. December 2017 - 17:14

Телефонски разговор помеѓу Ердоган и папата Франциско за статусот на Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со папата Франциско разговараше за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерусалим да биде главен град на Израел.

На 21 декември Генералното собрание на Обединети нации со 128 гласови „за“, девет „против“ и 35 воздржани изгласа резолуција со која се повикуваат САД да ја поништат едностраната одлука за Ерусалим.

Ердоган и папата Франциско изјавија дека се задоволни од резултатот од гласањето во ГС на ОН „против погрешниот чекор преземен од САД“.

Во телефонскиот разговор била договорена средба помеѓу Ердоган и папата, на која би разговарале за билатералните односи и меѓународните прашања.

И Ердоган и папата Франциско претходно ја критикуваат политиката на САД во однос на Ерусалим.