Свет
21. November 2017 - 20:27

Телефонски разговор на Трамп и Путин за Сирија, Северна Кореја и Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа за Сирија, Северна Кореја и Украина, соопшти Белата куќа.  

Разговорот е реализиран еден ден по средбата на Путин со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи. 

Рускиот претседател го прими сирискиот колега во црноморскиот туристички центар каде што утре ќе има средба на претседателите на Русија, Турција и Иран - трите држави кои имаат клучна улога во сириската криза.

Според соопштение од Кремљ, денеска Асад бил повикан од Русија да даде согласност за евентуална мирна иницијатива, која трите земји планираат да ја претстават на утрешниот самит.