Македонија
29. May 2020 - 17:51

Телефонски разговор на МНР Димитров со шпанската МНР Гонзалес Лаја

На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Кралството Шпанија.

Министерот Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.

Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.

Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави.