Телефонски разговор Лавров - Тилерсон за Северна Кореја
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефински разговораше со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, при што му порачал дека „не треба да се препушта на емоциите и да покаже воздржаност“ кога станува збор за прашањето за Северна Кореја.
Лавров му нагласил на Тилерсон дека мораат да ги искористат политичките и дипломатските средства со цел да најдат мирно решение за нукеларната криза на Северна Кореја.
Рускиот министер за надворешни работи исто така, навел дека Москва „има волја да ја разгледа“ американската предлог-резолуција за осуда на нуклеарните проби на нуклеарните проби на Северна Кореја, што е доставена во Советот за безбедност на ОН, доколку се земе предвид ставот на Русија за спротивставувањето на воен одговор за кризата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет