Балкан
10. March 2016 - 13:32

Телефонски разговор Ципрас-Путин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, двајцата државници разговарале за состојбите во регионот, проблемот со бегалците, како и за економските и енергетските односи меѓу двете земји со посебен фокус на конфликтот во Сирија и бегалската криза.

Според соопштението, Ципрас и Путин разговарале и за новите можности за развој на односите меѓу Грција и Русија во 2016 година.