Балкан
31. December 2017 - 11:37

Телефонски разговор Борисов-Вучиќ

 - Премиерот Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа телефонски разговор во кој ја поздравија успешната и конструктивна работа во текот на изминатата 2017 година, соопшти прес-службата на бугарскиот премиер.

- Двајцата се согласија дека последната година активниот билатерален дијалог придонесе за исклучително важни чекори за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението. 

Борисов и Вучиќ изразиле желба за натамошни успеси за просперитет на земјите во регионот во 2018 година.

Вуќик најавил дека лично ќе учествува на Самитот во Софија, инициран од Борисов, што ќе се одржи на 17 мај, за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.