Македонија
13. February 2018 - 19:55

Телата на Калина и Александар донесени во Македонија, погребот во четврток

По завршената обдукција во болницата во Воден телата на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски денеска со автомобил пристигнале во Македонија. 

Нивниот погреб ќе се одржи во четврток.

Младите планинари Калина и Александар загинаа во саботата искачувајќи се на Кајмакџалан. Во еден момент тие се одвоиле од групата и им се губи трагата. Временските услови во тој момент било многу лоши со густа магла и силен ветер.