Тела на 15 африкански мигранти откриени на Синајскиот Полуостров
Египетските власти соопштија дека во северниот дел на Синајскиот Полуостров пронашле тела на 15 мигранти од Африка, кои имале прострелни рани.
Осум други мигранти биле пронајдени живи, но сите повредени.
Полицијата не соопшти од кои африкански земји се убиените и ранетите мигранти.
Засега не е јасно кој стои врз нападот, што се случил во реонот на египетскиот град Рафа, на границата со Појасот Газа.
На Синајскиот Полуостров египетските безбедносни сили војуваат со припадниците на локална исламистичка милитантна група, која од минатата година е поврзана со џихадистите од Исламска држава (ИД). Засега не е јасно дали убиените мигранти од Африка може да се поврзат со дејствувањето на џихадистите на Полуостровот.
Од октомври 2014 година властите во Египет прогласија вонредна состојба во реонот на Синај.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата