Бизнис
10. December 2019 - 16:45

Текстилните работници предупредуваат на измамите со К-15 во текстилната индустрија

Газдите да не манипулираат со  Колективниот договор, за да не исплатаt регрес за годишен одмор -  бараат  од текстилното здружение Гласен Текстилец. Законот з a работни однoси сега дозволува работодавачите да пријават загуба или прекувремена работа, за да дадат пониска сума за  К15.  Но, не е прецизирано колку е таа пониска сума и дали приватните инвестиции на газдите може да се сметаат за загуби во работењето?

Најчести манипулации се прават во текстилната индустрија, каде, според Ампева,, веќе има најави дека дел  од газдите ќе исплателе само 2,3 илјади денари за регрес. Случаите за враќање на  дел од парите назад,вели дека  драстично се намалени, поради затворските казни со кои се соочуваат работодавачите. Но манипулации се прават со  пријавување зголемен обем на работа

Сите вработени во приватниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор, максимуд 40% од бруто платата во псоледните 3 месеци. И министерството за труд апелира – вработените да не се плашат, да ги пријавуваат газдите ако не им исплатат – или ако им бараат да вратат дел од парите.Ако не го сторат тоа, се соочуваат со парична казна до 4,000 евра, но и казна затвор до 1 година.