Македонија
17. April 2021 - 19:57

Текстилните работнички апелираат до пратениците да им помогнат да добијат плата

Со не донесувањето на 5-тиот пакет мерки пратениците од македонското Собрание ја покажажа целата своја ароганција, незрелост и несериозност кон работникот, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец. Ваквото однесување ќе предизвика дополнителен револт кај и така осиромашеното население, посебно од источниот регион.

- Очигледно егото на пратениците, на претседателот на Собрание, некако зема замав и наместо да се размислува за егзистенцијата на работниците, на невработените, на оние кои се и дополнително ќе се соочуваат со откази, кои се на принудни одмори, очигледно не е доволно за нашите народни избраници- изјави Кристина Ампева - гласен текстилец-Штип.

УЈП го пролонгира рокот за пријавување за помош на фирмите до 31 април, што значи исплата на плата за февруари и март, ќе требаше да се очекува нај рано на 15-ти мај.  

- До тогаш никој не ги прашува работниците дали имаат пари на приватно да си плаќаат здравствени услуги, дали имаат пари да ги намират извршителите, кредитите кон банките или сметките кои редовно стигаат- додаде Ампева

Прашање за милион долари е до каде се постапките за евидентираните злоупотреби на претходните 4 економски мерки на Владата. Имаше компании кои исплаќаа 70 %, 50 % или воопшто не исплатија плата од доделените буџетски средства или пак, ги менуваа имињата на фирмите.

- Како ние немаме повратен одговор, до каде се случаите, предметите, кои беа доставени до ОЈО во врска со злоупотреба на државни пари од народниот буџет- прашува Ампева

Гласен текстилец уште во април минатата година сугерираше парите да легнат на сметките на работниците, но предлогот беше одбиен.