Бизнис
4. January 2018 - 20:09

Текстилците да не се плашат да ги пријават газдите ако им бараат да вратат дел од платата, апелира Синдикатот

Инспекторите почесто да излегуваат на терен, а работнците да се охрабрат и да ја кажат вистинската состојба.  Иако документацијата во фабриките е уредна, се почесто се регистрираат аномалии на штета на вработените, како што е случајот со враќањето на К-15.

- Имаме една фабрика каде еден работник е сведок, а не можеме од 300 работници да најдеме уште двајца сведоци да кажат дека враќаат, а сите враќаат, изјави Горан Трајков, претседател на РК на ССМ-Штип

Единствен механизам за заштита на работничките права, додава Трајков, е нивно синдикално здружување, но и тоа не е така едноставно.

- Во 28 конфекции работниците не сакаат да членуваат во синдикат или срамежливо по некој ќе климне со глава дека сакаат, но преовладува стравот дека можеби работодавците ќе им наштетат доколку се зачленат во синдикат-изјави Трајков

Некои од работодавачите сметале дека синдикат не е потребен, а дел не дозволувале негово формирање со изговор дека тие се посебна бранша и дека си имаат посебни договори за работа со работниците.

- Се надевам дека ова ќе се промени и дека ќе проработи свеста кај работниците, дека тие го имаат правото да членуваат според Уставот на Р. Македонија во синдикални организации-додаде трајков

Состојбата ја чини покомплексна и фактот, што честите превирања и заштита само на личните интереси внатре синдикалните организации, тие не уживаат доверба и авторитет кај своето матично тело.