Живот
3. May 2016 - 13:38

Тексас: Учител по француски кој само знае да изговори „Бонжур“

Професор по француски јазик во средно училиште во Тексас треба да биде отпуштен од работа, бидејќи неодамна е откриено дека единствено нешто што знае да го каже на тој јазик е „Bonjour“ (Добар ден).

Имено, Алберт Мојер „предава“ француски јазик веќе пет месеци, а неговите ученици тврдат дека тој не знае ништо повеќе од францускиот поздрав. 

Родителите се известени за овој случај кога локалната телевизија покренала истрага и го обвинила директорот на училиштето за тој пропуст. 

Тој дури не ги разбира ниту прашањата на своите ученици, и ги посоветувал сите одговори да ги бараат на Гугл.