Македонија
10. February 2016 - 17:16

Техничкиот министер за внатрешни работи порачува дека на граѓаните им е потребна професионална и департизирана полициска служба

Интегритетот лесно се руши но многу тешко, долго и напорно се гради порача техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Токму поради тоа еден од императивите на неговото работење откако ја превзел функцијата  е јакнење на интегритетот на вработените во МВР. Полициските службеници мора добро да ги знаат правилата за да ги почитуваат, а Спасовски им вети дека ќе биде нивни сојузник во оставрување на целта и сацврстување на довербата.

- “Граѓаните очекуваат полицијата да ги извршува задачите во согласност со највисоките стандарди и да е прва во почитувањето на истите. Полицијата мора да ја заслужи довербата од граѓаните, а довербата може да ја заслужи само доколку покаже апсолутна професионалност правичност и чесност во извршување на своите задачи“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски 

Работилницата  организирана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили има за цел да го запознае менаџерскиот кадар во МВР со првичниот план за интегритет и собирање на повратни информации.